събота, 9 май 2009 г.

Александър и Мария най-чести в МК


Во Македонија има 23.793 Александровци и 21.246 Марии. Од презимињата најзастапени се Стојановски, Јовановски и Николоски
Александар и Марија се најчестите имиња во Македонија. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика меѓу првите 100 женски машки имиња на прво место се токму овие две имиња. Со име Александар во Македонија има вкупно 23.793 лица, а Марии има - 21.246. По Александар во првата машка десетка следат имињата: Зоран, Никола, Горан, Драган, Дејан, Илија, Игор, Петар и Љупчо. Првата десетка од понежниот пол предводен од Марија го сочинуваат: Елена, Билјана, Весна, Снежана, Виолета, Александра, Сузана, Катерина и Љубица. Анализирано по региони, во сите што значи во Вардарскиот, Источниот, Југозападниот, Пелагонискиот најзастапени се повторно Александар и Марија, освен во југоисточниот регион каде најзастапено машко име е Ристо, а женско е повторно Марија. Најмногу имиња Александар (4.123) и Марија (4148) има во Пелагонискиот регион.
Според статистиката по 1991 година во Македонија престанале да се појавуваат многу имиња но на прво место се Димко и Крстана, потоа следат Моме и Благуња, Димчо и Светланка, Рубинчо и Станојка, Станојко и Горка и т.н.
Но затоа навистина е интересно да се погледнат новите имиња кои се појавуваат по оваа година. Па така од машките првите десет места од новите имиња ги држат: Убејд, Ерјон, Анид, Блеон, Дион, Увејс, Еријон, Јулет, Окан и Ефе. Од женските се: Аделиса, Блеона, Илирида, Езана, Назар, Мерва, Џелза, Мелиса, Ринеса и Румеса.
Што се однесува пак до презимињата, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика најзастапено презиме во Македонија е Стојановски (8066) и Стојановска (7903), потоа следат Јовановски, Николовски, Рамадани, Трајковски, Стојанов...
(В.М.Б.)http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=770172E9CC267D42A2A39D0987F50000

петък, 8 май 2009 г.

Класация на имена в САЩ ЗА 2009 г.

Според комисаря по социална сигурност, г-н Майкъл Астрю, най-известните имена на бебета в САЩ за 2009 са:

Момичета:

1. Emma
2. Isabella
3. Emily
4. Madison
5. Ava
6. Olivia
7. Sophia
8. Abigail
9. Elizabeth
10. Chloe

Момчета:

1. Jacob
2. Michael
3. Ethan
4. Joshua
5. Daniel
6. Alexander
7. Anthony
8. William
9. Christopher
10. Matthew

http://today.msnbc.msn.com/id/26184891/vp/30640980#30620245